САД испраќаат дополнителни 20 милиони дози на вакцина во трети земји

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот објави дека САД ќе испратат дополнителни 20 милиони дози вакцини против ковид-19 до трети земји до крајот на јуни, покрај претходно ветените 60 милиони дози, но досега не е доставена ниту една доза.

„Денес објавувам дека ќе споделиме дози на Модерна, Фајзер и Џонсон и Џонсон со остатокот од светот. САД ќе дистрибуираат најмалку 20 милиони дози“, рече Бајден.

Со новите 20 милиони, бројот на дози на вакцини ветени од Белата куќа се искачи на 80 милиони, што, како што рече Бајден, е „пет пати повеќе од која било друга земја досега“.

„Повеќе од Кина и Русија“, рече Бајден, додавајќи дека нема да ја користи вакцината за да добие нешто од земјите приматели за возврат.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки не одговори на прашање за кои земји станува збор, ветувајќи дека деталите за критериумите „ќе бидат објавени наскоро“.

Слични содржини