САД испраќаат нова воена помош за Украина од 600 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителна воена помош во вредност од 600 милиони долари за Украина, која вклучува оружје, муниција и друга воена опрема, соопшти денеска Стејт департментот.

„Со новата, 21-ва транша, вкупната воена помош на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден за Украина е околу 15,8 милијарди долари“, соопшти Стејт департментот.

„Заедно со нашите сојузници и партнери, ние доставуваме оружје и опрема што украинските сили ја користат толку ефикасно што успешно ја продолжуваат својата контраофанзива против рускиот напад. Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека ќе му помагаме на украинскиот народ се додека е потребно “, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Слични содржини