(ВИДЕО) САД испратиле муниција на сириските бунтовници!

од desk3

САД пуштиле вчера со падобрани муниција за лесно оружје во Северна Сирија за сириските бунтовници кои се борат против групата “Исламска држава”. Ова го соопшти портпаролот на Централната команда на САД полковник Патрик Рајдер, цитиран од Франс прес.

sirija

Муницијата е за сириските арапски групи, чии претставници беа темелно проверени од САД, посочи Рајдер. Пратките се доставени од товарни авиони Це-17 на воздухопловните сили на САД.

Претставник на Министерството за одбрана ги потврди информациите на СNN, дека биле пуштени вкупно 50 тони муниција.

Овие пратки се знак за нова насока во политиката на администрацијата на Барак Обама за борба против ИД во Сирија по неуспехот на тренинг програмата за умерените сириски бунтовници, забележува АФП.

Пентагон веќе ќе се фокусира на испораки на оружје за внимателно проверени групи и со воздушна поддршка, за да можат тие да водат усогласени напади против ИД.

Во соопштението не се наведува кои бунтовнички групи добиле муницијата. Се истакнува сепак ефикасноста на борбите, предводени од силите на сириските Курди и на арапските групи за ослободување на граничните реони со Турција во североисточниот дел на Сирија.

Промената во американската политика беше прогласена десетина дена по вклучувањето на Русија во сирискиот конфликт со големи воздушни кампањи, забележува Франс прес.

Слични содржини