САД: Израел има право на самоодбрана

од Vladimir Zorba

Соединетите држави изразија длабока загриженост во врска со ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и „оние што лансираат ракети од Појасот Газа“ и ги повикаа двете страни да покажат воздржаност. Белата куќа ги осуди и ракетните напади на Хамас врз Израел денес и го потврди ставот на САД дека Израел има право да се брани.

„Повикуваме на воздржаност и смиреност. Израел има право да се брани и да возврати на ракетните напади. Палестинскиот народ исто така има право на безбедност, како и Израелците“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс и потврди дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарал со израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази, пренесува Ројтерс.

Денес Белата куќа ги осуди и ракетните напади на Хамас врз Израел и го потврди ставот на САД дека Израел има право да се брани.

„Ерусалим како град од голема важност за верниците ширум светот мора да биде место на соживот“, рече претставникот на Белата куќа, Џен Псаки и посочи дека деескалацијата е примарна цел на Вашингтон.

Слични содржини