САД ќе воведе графа за трет пол во пасошите

од Nikola Popovski

Во американските патни исправи наскоро ќе се појави одредница за трет пол за „небинарни, интерполови и неприлагодливи на пол лица“, односно оние кои не се ограничуваат на машки и женски пол, информираа од Стејт департментот,.

– Промената на политиката е дел од напорите на Администрацијата за правење „понатамошни чекори кон фер обраќање со Американците од ЛГБТКИ+ заедницата, назависно од нивниот гендер и пол, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

Засега е неизвесно кога ќе се појави трет маркер во графата за пол во пасошите, кој ќе се означува со англиската буква „Х“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Блинкен изјаи дека во моментов се оценува најдобриот пристап за достигнување на целта, истакнувајќи дека додавање на трета полова опција е „технички комплексно и изискува време“.

САД ќе се приклучат на листата земји кои издаваат пасоши со маркер за трета опција за пол. Такви земји се Австралија, Канада, Германија, Индија, Непал и Нов Зеланд.

Друга новина е тоа дека во формуларот за добивање пасош, апликантите самостојно го означуваат својот пол и нема да бидат обврзани да достават медицинска потврда ако нивниот полов идентитет не се совпаќа со половите маркери во другите документи за лична идентификација.

Слични содржини