САД, Кина или ЕУ – кој ќе ги напише правилата на дигиталната економија?

од Vladimir Zorba

Technology Versus Man

Трговската војна е резултат на долгиот натпревар меѓу Соединетите држави и Кина кои се обидуваат да ги постават стандардите на дигиталната економија. Царините врз кинескиот увоз во вкупна вредност од 250 милијарди американски долари (заклучно со 1 септември би можеле да бидат 550 милијарди американски долари), што аналитичарите ги споредуваат со бруталниот протекционизам на Големата депресија од 1930-тите и кинеското ембарго на компании како Huawei, се оружје во битката за доминација во дигиталната економија, што му дава на победникот моќ да ги постави правила и да ги регулира останатите.

„Ефектот Брисел“

Сепак, САД и Кина не се единствените играчи. И покрај својот мал технолошки сектор ЕУ – третата по големина трговска моќ, исто така има амбиции да стане клучен фактор, кој ги одредува правилата, пишува „Фајненшал тајмс“. Европа се надева дека „ефектот Брисел“ ќе влијае и на дигиталната економија. А тој оди вака:

Чекор еден: Европската комисија развива збир на прописи и правила. Компаниите одговараат со тврдења дека тие се премногу рестриктивни, бирократски и конкурентни.

Сепак, после тоа, тие почнуваат да се придржуваат кон прописите, соодветно менувајќи ги своите активности. Поголемите компании полесно и побрзо се прилагодуваат на новите правила.

И последниот чекор: Мултинационалните компании кои ги продаваат своите производи во Европа ги преземаат регулативите како свој глобален стандард. Понекогаш тоа го прават и странските регулатори, а со тоа и европските правила стануваат глобални, што е и суштината на „ефектот Брисел“.

Европските регулативи за емисии на гасови, на пример, го охрабрија производството на електрични автомобили и го потпомогнаа работењето на Tesla, но му наштетија на VW. Затоа, дури и без значителен технолошки придонес, ЕУ може да влијае на глобалната економија.

„Ефектот Пекинг“

Технолошките достигнувања во Кина ја прават земјата исклучително силен играч во трката, играч кој може да создаде „Пекинг ефект“ што ќе го замени „ефектот Брисел“.

Токму технолошкиот напредок на земјата е дел од стратегијата на Кина за наметнување светска доминација. Кинеските компании соработуваат тесно со владата, со цел да ги протуркаат своите стандарди ширум светот. Аналитичарите велат дека Пекинг ја научил својата лекција по 3G-мрежите, кои ги создаде користејќи свој модел и технологии, но тие не биле користени на ниедно друго место и земјата беше надмината од ЕУ и САД. Сепак, со 5G мрежите, работите се различни.

Изјавата на основачот на Huawei и извршен директор Рен Женгфеи го илустрира овој пристап. Тој за „Фајненшал тајмс“ изјави дека целта на компанијата е да стане лидер во секторот „Интернет на нештата“. „Ако би гласале за единствен стандард за „Интернет на нештата“, сите би гласале за нашиот, затоа што Qualcomm (американскиот конкурент на„ Huawei “) не направи многу во сферата, додека ние направивме огромно количество на истражувања“, вели тој. Затоа технолошкиот напредок е предуслов за правила за диктирање.

Во основата на стратегијата на Кина е да се стимулира субвенционираното производство и да се намали увозот. Со оглед на популацијата и минималната конкуренција, се создава внатрешен пазар во кој лидери се локалните производители на автономни возила, платежни системи и системите за препознавање на лицето. Потоа се извезуваат, што помага да се воспостават на странските пазари.

Покрај тоа, кинеските компании и владата преземаат активности за проширување на нивното влијание во влијателни тела како што се Меѓународната унија за телекомуникации, Меѓународната организација за стандардизација и Институтот за електротехника и електронски инженери. Така, Пекинг има можност да ги промовира и спроведува стандардите веќе воспоставени во земјата.

Аналитичарите на „Access Partnership“, специјалистичка организација за советодавна јавна политика со седиште во Вашингтон, тврдат дека кинеските вработени, кои работат за меѓународни организации, склучуваат тајни договори со странски компании во замена за поддршка за кинески предлози.

Може ли странските играчи да бидат запрени?

Во трката за доминација се прават обиди да се изолираат странските компании – ембарго, давачки, субвенции за локалните производители, изолација на странски компании. Сепак, аналитичарите се категорични дека победник ќе биде најтехнолошки развиената економија воведувајќи најмногу иновации. Ова е затоа што е тешко за една компанија или земја да се изолира ако нејзините технологии се длабоко имплементирани во даден сектор.

На пример, и покрај ембаргото на Huawei, производите на компанијата продолжија да се продаваат во САД.

Сепак, ЕУ има многу пофина стратегија во однос на ограничување на Кина. Европските земји не и забранија на кинеската компанија да гради 5G мрежи, но строго го регулираат градењето и технологијата.

ЕУ – победник?

И покрај помалку развиениот технолошки сектор, ЕУ станува глобално регулаторно тело. Пример е Заедничката регулатива за заштита на податоците на Заедницата. Од ЕУ, исто така, сметаат дека, и покрај технолошките достигнувања во Кина, приватноста е поважна од кога и да било денес за потрошувачите.

Покрај законот за заштита на личните податоци, ЕУ има водечка улога во етиката во развојот на вештачката интелигенција. Иако Кина е лидер во развивањето на тоа, сепак ќе се соочи со голем број предизвици од гледна точка на регулаторите.
Доколку има разлика во стандардите, можно е производителите со помало искуство да бидат претпочитани пред лидерите на пазарот и кинеските компании повторно да бидат изолирани.

Слични содржини