Помошник-државниот секретар Викторија Нуланд коментираше пред украинската телевизија “Шустер Live” дека САД ќе го зголемат притисокот над Русија, ако конфликтот во источна Украина продолжи и ескалира.

2110133252

“Јасно дадовме да се разбере дека санкциите ќе останат во сила, додека Минските аранжмани не бидат исполнети во целост. Но исто така дадовме да се разбере дека во случај на ескалација на насилството сме подготвени да го зајакнеме притисокот врз Русија”, објави Нуланд.

Таа потсети дека Украина има добиено воена помош за подготовка на војници во износ од околу 150 милиони долари. Според Нуланд САД се надеваат дека вршат притисок над Русија, во комбинација со зголемениот потенцијал на украинските сили за безбедност и ќе ја принудат Русија да ги исполни преземените обврски спрема Минскиот договор.

“Во спротивно цената за нив ќе порасне”, предупреди помошник државен секретар на САД.

Претходно претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека има концентрација на руски сили, бидејќи Русија се подготвува за ескалација на конфликтот. Според него Киев вложува “огромни напори за да се спречи агресија и да не се дозволи ескалација”.

Светските медиуми коментираа дека САД не за прв пат ја објавуваат својата подготвеност да ги зајакнат економските санкции против Русија. Според американската телевизија Си-Ен-Ен потенцијалниот сет на рестриктивни мерки би ги опфатил секторите за финансии, енергија и одбрана, исто како и физички и правни лица.

Слични содржини