САД: Компанија на Трамп под истрага поради уплати преку „руски врски“

од Stefanija Kuzmanovska

Федералните обвинители во Њујорк почнаа да истражуваат дали Trump Media (TMTG), основана од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го прекршила законот со прифаќање две сомнителни уплати во вкупна вредност од 8 милиони долари од два „нејасни субјекта“, делумно поврзани со сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Првата сомнителна уплата на сметката на TMTG во износ од два милиони долари е забележана во декември 2021 година, кога оваа компанија беше пред банкрот поради истрагата што го прекина планираното спојување на TMTG со компанијата Digital World.

Втората уплата во износ од шест милиони долари била легната на сметката два месеца подоцна, пренесува лондонски „Гардијан“.

Слични содржини