САД лидер на црната листа: Надминат бројот од 450.000 починати лица од Ковид 19

Во Соединетите Држави од почетокот на пандемијата забележани се најмалку 450.088 смртни случаи од Ковид 19.

Тоа го покажуваат податоците од Универзитетот, Џонс Хопкинс. Потврдено се вкупно 26.533.999 случаи на коронавирус, наведува Си-Ен-Ен.

САД е инаку на првото место во светот по бројот на потврдени случаи на Ковид 19 и по бројот на мртвите како последица од истиот.

Уште една земја има повеќе од 200.000 починати од Ковид 19, а тоа е Бразил. Мексико, Индија и Велика Британија имаат повеќе од 100.000 смртни случаи предизвикани од опасниот вирус.

 

Слични содржини