САД: Малку е веројатно целосна воена победа на Украина, Киев да почне преговори со Москва

од Nikola Popovski

Украина треба да размислува за решавање на актуелната ситуација преку преговори, бидејќи ќе биде исклучително тешко да се постигне воена победа, изјави на брифинг во Пентагон началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мили.

-На армијата ќе и биде многу тешко да ја исполни задачата за физичко отстранување на руската армија од Украина, а тоа сигурно нема да се случи во следните неколку недели, освен ако не следи целосен колапс на руската армија, што е малку веројатно, рече Мили., пренесува ТАС С.

Од воена гледна точка, додаде тој, малку е веројатно дека Украина ќе постигне воена победа во блиска иднина, што ќе повлекува протерување на руската армија од цела Украина, вклучувајќи го и Крим.

-Сепак, можна е политичка одлука во согласност со која Русија би ги повлече сите свои сили од Украина, рече Мили.

Тој посочи дека смета оти „преговорите треба да се водат од позиција на сила“.

-Треба да преговарате кога сте силни, а противникот слаб, а можно е тогаш да се дојде до политичко решение. Сакам само да кажам дека оваа можност постои, истакна Мили, објаснувајќи зошто претходните денови го повика Киев да започне преговори со Москва.

Слични содржини