САД: Највисоките руски функционери мора да сносат одговорност за воени злосторства

од Stefanija Kuzmanovska

Висок американски функционер тврди дека се повеќе и повеќе докази се појавуваат за „намерни, неселективни и непропорционални напади“ на руските сили врз цивили во Украина.

Амбасадорката на американскиот Стејт департмент за глобална кривична правда Бет Ван Шак рече дека има докази за „систематски воени злосторства извршени во секој регион каде што биле распоредени руските сили“.

Зборувајќи за доказите од ослободените области, таа детално ги опиша злоставувањата на цивилите и воените затвореници во притвор, присилната депортација на украинските граѓани во Русија, убиствата слични на егзекуција и сексуалното насилство.

Таа посочи дека највисоките руски функционери треба да сносат одговорност за наведените злосторства.

„Многу е тешко да се замисли дека овие злосторства би можеле да бидат извршени без одговорност која оди се до врвот на синџирот на команда“, рече таа.

Одби да каже дали Владимир Путин би можел да биде кривично гонет за воените злосторства во Украина.

Слични содржини