САД: На границата со Мексико откриен „технолошки најнапредниот тунел“

од Vladimir Zorba

Американските службеници за миграција објавија дека пронашле тунел на границата со Мексико што овозможува премин меѓу двете држави и дека тоа е „технолошки напредниот тунел во американската историја“, јавува Анадолија.

Американските гранични и царински службеници соопштија дека откриле недовршен тунел што обезбедува премин на границата со Мексико, како дел од тековната истрага во државата Аризона.

Наведено е дека тунелот е „најтехнолошки напреден тунел во историјата на САД“, дека е широк приближно еден метар и висок 1,2 метри, и вклучува вентилација, електрична енергија и железнички систем.

Властите соопштија дека ја продолжуваат истрагата за да утврдат кој го изградил тунелот и за каква цел.

Кон крајот на минатата година, мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард по состанокот во Белата куќа изјави дека бројот на имигранти што минуваат од Мексико кон САД, особено оние од Централна Америка, „значително се намалил“, додавајќи дека очекувал нивниот број да се намали уште повеќе.

Ебрард се состана со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, а накратко и со претседателот Доналд Трамп, за да го анализира напредокот во напорите за намалување на бројот на мигранти од Централна Америка, пренесува Хина.

Пенс ги пофали напорите на Мексико, велејќи дека американските службеници ќе соработуваат со Мексико за понатамошно спроведување на Протоколот за заштита на мигрантите и забрзување на процесот на разгледување на барањата за азил, соопшти Белата куќа.

Слични содржини