САД: Над 43.000 лица се заразени со коронавирус во последниве 24 часа

од Vladimir Zorba

Повеќе од 43.000 лица заразени со коронавирусот се регистрирани во САД во последните 24 часа, соопшти универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој го објавува секој ден бројот на заразени и починати од вирусот.

Во таа земја, во саботата се пријавени 43.742 лица заразени со коронавирус, а од почетокот на пандемијата во САД, заразени се 2.836.764 лица.

252 лица починале од коронавирус во последните 24 часа, а вкупно 129.657 лица починале од почетокот на пандемијата.

САД се најпогодени од вирусот, а претседателот Доналд Трамп во саботата повторно ја критикуваше Кина, каде за прв пат се појави КОВИД-19, изјавувајќи дека земјата треба да сноси одговорност за ширење на вирусот.

Слични содржини