САД: Нафтата од Венецуела да работи за Гуаидо

од desk2
САД сакаат да ги пренасочат приходите од нафата во Венецуела од Владата на Николас Мадуро кон опозицијата и самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо.

 

Тоа синоќа пред новинари го кажал американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон. Тој не открил детали, но изјавата се смета за показател за намертите на Вашингтон да заобиколи дипломатски мерки за да не дозволи Владата на Мадуро да добива пари.

Таквите потези ќе ги засилат позициите на Гуаидо кој во средата се прогласи за привремен претседател на државата и беше признат од САД и други држави во регионот.

– Сега се фокусираме на тоа како да го лишиме нелегитимниот режим на Мадуро од изворите на приходи, истакнал Болтон.

Слични содржини