САД: Најбогатите земји да ги исполнат ветувањата за климатските промени

од Stefanija Kuzmanovska

Најбогатите земји во светот мора да ги одржат своите ветувања за да ја одржат глобалната цел во живот и да ги избегнат најлошите последици од климатските промени, изјави денеска за „Ројтерс“ американскиот специјален пратеник за климатски промени Џон Кери.

Тој рече дека напредокот е од витално значење додека Египет се подготвува да биде домаќин на следната рунда климатски преговори на ОН, позната како COP27, во Шарм ел Шеик во ноември, според британската агенција.

Американскиот претставник за климатски промени Џон Кери истакна дека решавањето на глобалните кризи како што е пандемијата Ковид-19 и војната во Украина го префрлиле дел од фокусот од напорите за борба против климатските промени и дека сегашниот императив е енергетска независност од фосилните горива.

Слични содржини