САД: Нови санкции против Русија

од Vladimir Zorba

Вашингтон подготвува нов пакет санкции против Русија поради ситуацијата со рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој издржува затворска казна, изјави денеска советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

„Подготвуваме нов пакет санкции во овој случај. Покажавме дека нема да отстапиме од ниту едно прашање, дури ни кога станува збор за случајот Навални. Ова е одговор на штетните активности на Русија”, изјави Саливан за Си-Ен-Ен.

Според Саливан, нови санкции ќе бидат воведени веднаш штом САД се сигурни дека ги утврдиле „вистинските цели“.

„Веднаш штом ќе бидеме сигурни, ќе воведеме нови санкции“, додаде Саливан.

Слични содржини