САД нудат 15 милиони долари за информација за апсење на Мадуро: Обвинет е за „нарко-тероризам“

од Nikola Popovski

Државниот секретаријат на САД нуди 15 милиони долари како награда за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро.

По неуспешниот пуч минатата година, САД денес го обвинуваат Мадуро за „нарко-тероризам“.

Покрај големата награда, секретаријатот на државата, исто така, нуди 10 милиони долари за секоја информација за кој било од петте политичари и воени лидери на Венецуела, кои се обвинети дека помагале во дистрибуцијата на наркотици од таа земја, јави Раша Тудеј.

Да потсетиме дека Вашингтон повеќе од една година се обидува да го собори Мадуро. Минатиот јануари, Хуан Гуаидо се прогласи за претседател и доби поддршка од САД за тоа.

Слични содржини