САД одржале состаноци со дипломати од 40 земји поради кинескиот балон

од Stefanija Kuzmanovska

САД одржаа состаноци со странски дипломати од 40 земји во Вашингтон и Пекинг и ги информираа за своите наоди поврзани со кинескиот шпионски балон.

Американскиот заменик државен секретар Венди Шерман брифираше околу 150 странски дипломати во 40 амбасади, изјави висок извор во американската администрација, пренесува „Ројтерс“.

Странски дипломати се собраа во американската амбасада во Пекинг по истиот повод.

„Сакаме да споделиме што е можно повеќе знаење со земјите кои исто така можат да бидат ранливи на ваков тип на операции“, заклучил извор од американската администрација.

САД во саботата соборија наводен кинески шпионски балон кој леташе над територијата на САД неколку дена.Пентагон во четвртокот објави дека американската војска открила кинески балон за надзор на голема височина над копното на САД.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи во петокот изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано отстапил од предвидениот курс.

Слични содржини