САД: Осуден рускиот хакер познат како „Бот мастер“

од Nikola Popovski

Рускиот хакер Питер Левашов (40), меѓународно познат како „Бот мастер“, денес беше осуден во САД на 33 месеци затвор поради обвиненијата за управување со мрежа на уреди што се користеле за кражба на податоци од компјутери, дистрибуција на несакана пошта и инсталирање малициозен софтвер.

Во 2018 година, Левашов се изјасни за виновен за намерно оштетување на заштитен компјутер, заговор, измама преку Интернет и тешка кражба на идентитет, пренесува АП.

Обвинителството го обвинува Лавашов за работење преку неколку мрежни хакирани компјутери познати како ботнети, што може да генерира милијарди несакани е-пошта.

Окружниот судија на САД Роберт Шатињи изрази уверување дека извештајот на пресудата ги прецени финансиските последици од злосторствата на Левашов, но призна дека злосторствата што ги извршил биле сериозни и софистицирани.

„Се подразбира дека некој што прави и користи ботнети, како што направивте и профитиравте од тоа, ставајќи ги достапни на сајбер криминалците, треба да очекува да биде гонет и казнет. Навистина, ова е сериозно криминално однесување што е штетно“, посочи судијата.

Левашов беше уапсен во април 2017 година, додека беше на одмор во Шпанија, а неговото апсење беше едно од планираните апсења на руски сајбер криминалци надвор од Русија, која нема договор за екстрадиција со САД.

Руските власти се бореа против неговата екстрадиција, но на крајот, Левашов беше екстрадиран во Америка.

Обвинителството во државата Конектикат, каде беше гонет рускиот хакер, побара казна од 12 до 14,5 години затвор.

Слични содржини