САД планираат да задржат 100.000 војници во Европа

од Vladimir Zorba

Соединетите Американски Држави ќе задржат 100.000 војници во Европа во догледна иднина, доколку Русија ги зголеми заканите кон Шведска и Финска или членките на НАТО, изјавија неколку американски официјални лица.

Бројот на американски војници би можел привремено да се зголеми доколку НАТО спроведе повеќе воени вежби во регионот, а САД би можеле да воспостават дополнителни бази во Европа доколку се промени безбедносната средина, изјавија официјални лица, пренесе Си-Ен-Ен.

САД го зголемија својот контингент во Европа од 60.000 пред руската инвазија на Украина на околу 100.000. Војниците кои се приклучија по инвазијата на Украина беа распоредени главно во земјите од источното крило како поддршка на европските членки.

Слични содржини