САД: Почина Теодор Качински кој беше осуден на доживотен затвор поради бомбашки напади

од Stefanija Kuzmanovska

Теодор Тед Качински, осуден на доживотен затвор за серија бомбашки напади врз научници, почина во американски федерален затвор, соопшти денеска портпаролот на Бирото за затвори.

Портпаролот за АП изјави дека Качински бил пронајден мртов околу 8 часот наутро во федералниот затвор во американската сојузна држава Северна Каролина, а причината за смртта се уште не е позната.

Качински беше префрлен во федерална затворска медицинска установа во Северна Каролина откако помина две децении во федералниот затвор Супермакс во американската држава Колорадо поради серија бомбашки напади насочени кон научници.

Слични содржини