САД: Починати над 800 лица, бројот на заразени надминува 55 илјади

од Nikola Popovski

Во САД, бројот на заразени лица рапидно се зголемува и надминува 55.000, додека бројот на починати е близу 800.

Високиот советник во Белата куќа Ерик Уланд објави масовен економски договор од 2 трилиони американски долари, пренесува АП.

Планот ќе ги поддржува претпријатијата за време на кризата, а домаќинствата ќе добијат еднократна помош од 1.200 американски долари по возрасен човек и 500 американски долари по дете, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал земјата да се отвори и со нетрпение го очекува Велигден на 12 април, но неговата изјава е во спротивност со повиците на здравствените власти за заострување на ограничувањата на движењето на луѓето.

Научниците и другите американски политичари предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа.

Во исто време, Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права, Мишел Башел ги повика владите да се осигурат дека затворениците не се изложени на ризик од коронавирус.

Башел рече дека вирусот може да „дивее“ во затворите, имигрантските центри и психијатриските болници.

Во некои земји, вклучително и САД, имало немири во затворите.

Многу официјални претставници предложија ограничувања и привремени отпуштања на затворениците за да се олесни пренатрупаноста во затворите.

Слични содржини