САД поддржуваат формирање на Специјален суд за руската агресија врз Украина

од Nikola Popovski

Соединетите Американски Држави (САД) го поддржуваат формирањето на Специјален суд за кривично дело агресија врз Украина, соопшти Стејт департментот.

Стејт департментот оцени дека овој Специјален трибунал треба да биде вкоренет во домашниот судски систем на Украина, бидејќи тоа ќе обезбеди „најчист пат до формирање на нов трибунал“.

„Ова би ги зголемило нашите шанси за постигнување конкретна одговорност“, изјавија од Стејт департментот, пренесува Слободна Европа.

Амбасадорката на САД во Канцеларијата за глобална кривична правда Бет Ван Шак рече дека Вашингтон го поддржува создавањето на таков суд, додавајќи дека моделот е избран по анализа на неколку други.

Украина, Европската унија и Холандија јавно ја поддржаа идејата за специјален суд.

Русија, која својата инвазија на Украина ја нарекува „специјална воена операција“, ги негира обвинувањата за воени злосторства, вклучително и намерно таргетирање на украински цивили.

Слични содржини