САД подготвуваат испраќање воен брод во Црното Море во време на тензични украинско-руски односи

од Vladimir Zorba

САД почнаа да подготвуваат испловување на воен брод во Црното Море и побараа од Стејт департментот за тоа да ја извести Турција. Тоа го потврдија тројца американски официјални лица за Си-Ен-Ен.

– Потегот е одговор на руското запленување украински бродови во Керченскиот теснец што ги поврзува Црното Море и Азовското Море, изјавија тие.

САД мора да ја известат Турција за преминување на воен брод низ тој теснец спроед Конвенција од 1936 година со која се уредува минување воени бродови низ Босфор и Дарданели.

– Нашата американска шеста флота е секогаш подготвена да одговори кога е потребно, изјави Кајл Пејнс, портпарол на флотата која надгледува поморски операции во регионот.

Слични содржини