САД: Повеќе од 3.100 смртни случаи од Ковид-19 за еден ден

од Nikola Popovski

САД регистрирале повеќе од 3.100 смртни случаи на коронавирус за еден ден, најмногу од почетокот на епидемијата, бројот на заразени Американци во болниците за првпат е повеќе од 100.000, а бројот на нови инфекции повеќе од 200.000 за 24 часа. Според последните податоци објавени од Универзитетот Џон Хопкинс, 3.157 лица починале во последните 24 часа, што е срушен рекордот од 15 април, кога имало 2.603 смртни случаи.

Бројот на пациенти во болниците во моментов е најголем од почетокот на епидемијата и е зголемен за повеќе од двојно во последниот месец.

Овие податоци покажуваат дека САД влегуваат во уште подлабока криза, а можеби претстои најлошото, делумно поради последиците од Денот на благодарноста, кога милиони Американци ги игнорираа предупредувањата да останат дома и да го слават празникот со најтесното семејство.

Растот на бројот на смртни случаи, нови инфекции и хоспитализации низ САД силно го погодува здравствениот систем, бидејќи здравствените работници се преморени.

Слични содржини