САД повторно одложија санкции за „Хуавеи“

од Maja Serafimova

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија Хуавеи за уште 90 дена.

Во мај, САД ставија на црна листа пет кинески организации, вклучително и Хуавеи, кои се занимаваат со „суперкомпјутинг“, означувајќи ги како закана за националната безбедност на САД и спречувајќи ги да пристапат до доверлива технологија.

Тоа значи дека американските компании не можат да продаваат ништо на кинеската компанија Хуавеи без одобрение од американските власти.

Ова е второ одложување од 90 дена откако администрацијата воведе санкции во мај.

Слични содржини