САД: Ракетата која падна во Полска ја истрелаа украинските сили

од Stefanija Kuzmanovska

Прелиминарните проценки сугерираат дека украинските сили го испукале проектилот кој усмрти две лица во Полска и дека проектилот бил истрелан од украинската противвоздушна одбрана, изјавија денеска тројца неименувани американски официјални лица, цитирани од АП.

Според еден од нив, проектилот завршил во Полска, откако бил истрелан врз бараж руски ракети кои биле во напад на украинската енергетска инфраструктура.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ракетата која усмрти две лица во Полска најверојатно не била истрелана од Русија.

Слични содржини