САД: Се повеќе случаи на тромбоза по вакцинацијата со Џонсон и Џонсон

од Берта Китинска

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) соопштија дека откриени се повеќе случаи на тромбоза кај луѓе кои примиле вакцина Џонсон и Џонсон против ковид-19 и гледаат „веројатна врска“ помеѓу вакцините и оние случаи.

ЦДЦ наведува дека идентификувала 28 случаи на тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТТС) кај повеќе од 8,7 милиони луѓе кои примиле вакцина Џонсон и Џонсон, од кои тројца починале.

ТТС вклучува згрутчување на крвта придружено со ниско ниво на тромбоцити, крвни клетки кои помагаат при згрутчување, пренесува Хина.

Досега тројца од 28 починале.

Претходно, на 25 април, ЦДЦ ја информираше јавноста за 17 случаи на коагулација кај скоро 8 милиони луѓе кои примиле Џонсон и Џонсон.

Официјалната ЦДЦ, Сара Оливер, сепак истакна дека придобивките од вакцината сè уште ги надминуваат ризиците и дека во моментов не се потребни ажурирања на политиката за вакцинација.ЦДЦ изјави претходно дека настаните се слични на оние забележани по администрацијата на вакцината АстраЗенечна во Европа.

Двете вакцини се базираат на нова технологија која користи аденовируси кои предизвикуваат настинка, а кои се изменети за да бидат безопасни.

Вирусите се користат за пренесување на инструкциите до телото потребни за создавање специфични протеини од коронавирус, подготвувајќи го имунолошкиот систем да создаде антитела кои се борат против вистинскиот вирус.

Научниците работат на пронаоѓање на потенцијален механизам што би ги објаснил згрутчувањето на крвта, а главната хипотеза е дека вакцините предизвикуваат редок имунолошки одговор што може да биде поврзан со овие вирусни вектори.

Слични содржини