САД: Скоро 100.000 деца позитивни на Ковид-19 во втората половина на јули

од Vladimir Zorba

Во Соединетите Американски држави (САД) скоро 100 илјади деца се тестирале позитивно за коронавирус во втората половина на јули, покажуваат податоците на Американската академија за педијатрија.

Наведено е дека во последните две недели од јули, нешто повеќе од 97 илјади деца тестирале позитивно за коронавирус.

Има повеќе од пет милиони заразени лица во САД, од кои повеќе од 338 илјади се деца.

Д-р Тина Хартерт од универзитетот Вандербилт изјави дека се надева дека зголеменото испитување на децата ќе помогне да се утврди нивната улога во пренесувањето на вирусот.

Во Њујорк, градоначалникот Бил де Бласио најави враќање на децата на училиште.

„Ние мора прво да го заштитиме нашето здравје, а потоа да ги едуцираме нашите деца“, рече Де Блазио.

Слични содржини