САД: Спасени речиси 4.000 кучиња од расата Бигл, ги продавале за експерименти

од Stefanija Kuzmanovska

Речиси 4.000 кучиња од расата Бигл бараат нов дом по една од најголемите операции за спасување кучиња во САД, јавува Би-Би-Си.

Кучињата биле одгледувани во одгледувачница во Вирџинија, која ги продавала во лаборатории за испитување на лекови.

Но, одгледувачницата сега е затворена поради кршење на правата на животните, а добротворните организации започнаа мисија за вдомување на кучињата.

„Четири илјади е голема бројка“, рече Кити Блок, раководител на Humanе Society.

„Ќе бидат потребни 60 дена за да се извлечат сите тие животни. Работиме со нашите засолништа и партнери за спасување низ целата земја за конечно да ги внесеме овие кучиња во домови со љубов“, изјави таа за „Ројтерс“.

На кучињата им давале храна со црви, мувла и измет

Одгледувачницата Камберленд, во сопственост на Envigo RMS, беше тужена во мај од американското министерство за правда, кое ја обвини за повеќекратни точки за злоупотреба на животни. Инспекторите откриле дека некои кучиња биле убиени наместо да им се пружи ветеринарна нега, а биле во состојба која лесно може да се лекува.

Тие исто така биле хранети со храна која содржела црви, мувла и измет. Некои женки кои доеле беа целосно лишени од храна. Дваесет и пет кученца умреле бидејќи биле изложени на студ.

По тужбата, Envigo RMS ги негираше наводите, но објави дека го затвора објектот и ги премести кучињата во Humane Society, објави CBS News.

Кучињата сега се подложени на ветеринарни проверки и вакцинации пред да бидат достапни за вдомување.

Слични содржини