58
Американската влада ќе ја ограничи употребата на комерцијални шпионски алатки кои се користеле за следење на активисти за човекови права, новинари и дисиденти ширум светот, се вели во извршната наредба издадена денеска од американскиот претседател Џозеф Бајден.
Наредбата е одговор на растечката загриженост на САД и на светот за програмите што можат да снимаат текстуални пораки и други податоци од мобилните телефони, објави АП.
Некои таканаречени експлоатирања со „нула клик“ може да заразат телефон без корисникот да кликне на злонамерна врска.