САД усвоија нови ограничувања за користење на комерцијален шпионски софтвер

од Vladimir Zorba

Американската влада ќе ја ограничи употребата на комерцијални шпионски алатки кои се користеле за следење на активисти за човекови права, новинари и дисиденти ширум светот, се вели во извршната наредба издадена денеска од американскиот претседател Џозеф Бајден.

Наредбата е одговор на растечката загриженост на САД и на светот за програмите што можат да снимаат текстуални пораки и други податоци од мобилните телефони, објави АП.

Некои таканаречени експлоатирања со „нула клик“ може да заразат телефон без корисникот да кликне на злонамерна врска.

Слични содржини