САД: Во Индијана усвоен предлог-законот за укинување на правото на абортус

од Stefanija Kuzmanovska

Сенатот на Индијана, контролиран од републиканците, даде конечно одобрување на нацрт-законот за забрана на абортусот, шест недели откако одлуката на Врховниот суд на САД го укина уставното право на жената да ја прекинат бременоста.

Откако законот го усвои Претставничкиот дом на Индијана и го усвои Сенатот со 28 гласа „за“ и 19 „против“, Индијана стана првата американска држава што донесе таква забрана по поништувањето на значајната пресуда на 24 јуни во Ро против Вејд од 1973 година, која го легализираше абортусот низ САД, пренесува „Ројтерс“.

Државата Западна Вирџинија е веројатно само неколку дена од донесувањето на целосна забрана за абортус, а околу 10 други држави предводени од републиканците веќе имаат слични, строги забрани за абортус.

Слични содржини