137
САД воведоа нови санкции за три ентитети и шест ирански поединци поврзани со Исламската револуционерна гарда, два дена откако претседателот Доналд Трамп објави дека се повлекува од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година.
На листата се најдоа 28 физички и правни лица.
Министерството за финансии на САД денеска објави дека санкциите се заедничка акција со Обединетите Арапски Емирати со намера да ја нарушат “мрежата за голема размена на валута” која се користи за да се помогне во финансирањето на Исламската гарда и нејзиното странско крило, пишува Радио Слободна Европа.