СAД воведоа санкции за Турција

од Nikola Popovski

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео вечерва преку Твитер потврди дека СAД воведоа санкции против турскиот Секретаријат за одбранбена индустрија.

„И покрај нашите предупредувања, Турција постигна напредок во купувањето и тестирањето на ракетниот систем С-400 од Русија. Денешните санкции против Турција ја покажуваат волјата на САД за целосно спроведување на Законот за сузбивање на американските противници со санкции. Нема да толерираме значителни трансакции со рускиот одбранбен сектор“, напишал Помпео на Твитер.

Пред неколку дена, Ројтерс објави, повикувајќи се на пет извори, од кои тројца беа високи американски функционери, дека СAД ќе објават санкции против Турција поради купување на рускиот антиракетен систем С-400.

Реагирајќи на оваа вест, турскиот претседател рекол дека тоа е знак на непочитување на партнерите во НАТО.

„Примената на санкции против Турција е непочитување кон многу важен партнер во НАТО“, изјавил Ердоган пред три дена.

Слични содржини