САД воведуваат нови санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска објави дека САД ќе воведат нови санкции против транснационалната мрежа на поединци и компании кои работат на набавка на воени технологии кои се користат за руските воени дејствија во Украина.

На маргините на самитот на Г-20 во Бали, Јелен изјави за новинарите дека санкциите ќе бидат насочени кон 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека подоцна денеска ќе биде издадено соопштение, пренесува „Ројтерс“.

„Ова е дел од нашите засилени напори да ги запреме воените активности на Русија и, преку санкции и контрола на извозот, да ѝ се ускрати на Москва опремата што ѝ е потребна“, наведе Јелен.

Слични содржини