САД: Зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан е клучно

од Vladimir Zorba

Претставникот на САД, Ричард Милс, на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека ова е прва седница за Косово од почетокот на руската инвазија на Украина и изјави дека додека светот и Европа реагираат на последиците од тaа војна, одржувањето на стабилноста на Западен Балкан останува клучно.

„Ги видовме сликите од Буча и Мариупол. Додека тие продолжуваат да пристигнуваат од Украина, ниту една делегација одговорна за создавање на такви слики нема кредибилитет да држи предавање на некој во Советот за безбедност за почитување на човековите права“, изјави американскиот амбасадор.

Тој ги повика двете страни да се вклучат во дијалог со ЕУ, да најдат решение, да ги имплементираат постоечките договори и да направат конкретен напредок кон постигнување договор за нормализација чија цел е заемно признавање.

Слични содржини