САД: ЗСО е важна за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот Стејт департмент објави дека Заедницата на српските општини е од суштинско значење за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, според предлогот на ЕУ, кој САД силно го поддржуваат.

Вашингтон, исто така, рече дека сака брзо финализирање на „взаемното признавање“ меѓу Белград и Приштина, истакнувајќи дека не е можно да се одреди конкретна временска рамка за тоа.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, во обраќањето во име на државниот секретар Ентони Блинкен, најави дека Вашингтон сака „предлогот на ЕУ – Договорот на патот кон нормализација меѓу Косово и Србија“ на крајот да резултира со „меѓусебно признавање“, пренесуваат српските медиуми.

Слични содржини