САД ќе достави финансиска помош за енергетската инфраструктура на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Се очекува Америка денеска да објави „значителна“ финансиска помош за Украина на маргините на состанокот на НАТО во Романија за да ѝ помогне да се справи со штетата што Русија ѝ ја нанесе на нејзината енергетска инфраструктура, изјавија високи американски претставници.

Помошта, која детално ќе ја претстави државниот секретар Ентони Блинкен, ќе биде значителна и тоа нема да биде крајот, изјави за новинарите висок американски функционер кој сакаше да остане анонимен.

Сепак, тој потсети дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден одвои 1,1 милијарда долари во буџетот за енергија за Украина и Молдавија. Тоа беше најавено за меѓународната конференција на кредиторите за поддршка на граѓанскиот отпор на Украина на 13 декември во Франција, рече функционерот.

На почетокот на октомври, Русија започна голема кампања на ракетни напади насочени кон енергетската инфраструктура низ Украина. Според податоците доставени од украинската влада, оштетена е меѓу 25 и 30 отсто од таа инфраструктура.

„Она што го прават Русите е конкретно насочени кон трансформаторите со висок напон, а не само кон електрани за да го нарушат целиот синџир од генерација до дистрибуција“, рече американскиот претставник.

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска и утре се среќаваат во Букурешт, а една од главните теми на состанокот ќе биде поддршката на Алијансата за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, пренесува „Бета“.

Слични содржини