Сајкоски: Поделбите во ВМРО-ДПМНЕ ќе завршат, вратата е отворена за сите

од Nikola Popovski

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски објави дека поделбите ќе завршат, а СДСМ ќе биде поразен.

„За сите добронамерни граѓани вратата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е отворена, напиша тој на фејсбук.

Сајкоски не е непознат за членството. Потекнува од Кичево, извршувал повеќе партиски функции, бил заменик министер за локална самоуправа. Познат е на сегашните, но и на поранешните функционери. Дури и од Иницијативниот одбор за промени сметаат дека тој е добар теренец, а расколот во партијата го лоцираат кај Мицкоски.

Сепак по когресот во Валандово на крајот на 2017 година од ВМРО-ДПМНЕ беа разрешени и исклучени функционери и членови кои имаа различно мислење од раководството на партијата. Дел од нив не отстапуваат од барањето за оставка на лидерот Христијан Мицкоски и свикување на нов вонреден конгрес на партијата.

Слични содржини