Сака да ја смени годината на раѓање, оти „трансродните луѓе може да го сменат полот“

од desk2

Пенсзионерот Емил Рателбенд почна судска битка затоа што сака да го промени датумот на раѓање, за да оди на работа и да постигне подобар успех со жените на Тиндер.

Холанѓанецот кој има 69 години, смета дека ако трансродните луѓе може да го сменат својот пол, тој треба да има право да го промени својот дтум на раѓање, и да има официјално 49 години, затоа што лекарите му рекле дека има тело на 45-годишник. Затоа поднел барање во документите да му се смени датумот на раѓање во 11 март 1969, иако е роден 1949 година.

„Одев на лекарски прегледи и што покажа тоа? Мојата биолошка старост е 45 години“, вели пензионерот и гуру за самопомош.

Но, локалните власти одбиле да го променат неговиот датум на раѓање во официјалните документи, а неговата борба претстои затоа што случајот отиде на суд во градот Арнем во Холандија.

Слични содржини