„Сакаa да убијат што повеќе луѓе“: Моментот на ракетниот удар врз трговскиот центар (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави видео на кое се гледа моментот кога проектилот го погодил трговскиот центар во Кременчук. На снимката се гледа експлозија и голем облак чад.

Во нападот загинаа најмалку 18 лица, што предизвика остра меѓународна осуда, вклучувајќи ја и осудата на лидерите на најмоќните земји во светот кои се собраа на самитот во Германија.

„Рускиот проектил намерно го погоди токму овој објект. Очигледно тоа беше наредба. Очигледно е дека руските атентатори ги добија овие координати за проектилот. Сакаа да убијат што повеќе луѓе во мирен град, во обичен трговски центар“, рече Зеленски.

Слични содржини