Адвокатот Александар Тортевски во телевизиски настап изјави дека голем број судии во Кривичниот суд го замолиле да пренесе во јавноста дека не се согласуваат со одлуката да не се одреди притвор за осумтемина кои Специјалното обвинителство ги осомничи за злосторничко здружување. Адвокатот рече дека за судиите ова било преседан од кој се срамеле.

goran

Фино што сега се срамеле. Оти не им било срам кога одредуваа притвор за украдени пет евра на патарина. Или кога во притвор ставија лекар што беше организатор на штрајкот на лекарите. И Томче Кежаровски среде ноќ го прибраа оти напишал новинарски текст. И кога осудија крадец на 150 ќебапчиња на три години затвор. А студентите што минатиот мај ги ловеа низ скопските улици затоа што ја нагрдија новата фасада со јајца? Да заштедеа на илјадниците притворски решенија што ги делеа за да и помогнат на партијата да владее со страв и немир во државата, ќе останеа пари и онаа зграда во која судат да се преслече со барокен гипс.

Баш ме интересира дали и судиите што ја донесоа одлуката да нема притвор биле на списокот во тефтерчето на партијата и ако биле, под кое бројче ги воделе. Дали и тие се срамеле од одлуката што ја донеле, па затоа Судот не ги објави нивните имиња.

Го гледам претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски како се жали дека Специјалното обвинителство им врши притисок и одвај ја чита својата изјава, во која вели дека „судиите нема да дозволат притисоци од никого“. Не им е срам на судиите дека претседател на институцијата што ги поставува и ги разрешува е токму Ушковски од кој, чувме во прислушуваните разговори, дека дури и битни луѓе во партијата што го поставила, се срамеле. Како се туфкаше претседателот на Собранието Трајко Вељановски кога го избраа Ушковски: „ А бе не да го поминавме, не да го поминав, уште ќе не тепаат дека… како да кажам… нема ништо врска со судство го ставаме во Судски совет“, а Гордана од другата страна на линијата го успокојува: „Општински со се поминато, партиски…“.

На кој адвокат ќе му се пожалат судиите на фактот дека нивната професионална кариера и приватниот живот им зависат од обичен партиски извршител кој не поминал ни еден ден во суд? Мора да се многу засрамени штом преку гласник се жалат. Ептен јаки судии.

3.
Како беше онаа – на мака се познаваат јунаците. Е па, сега дојде време да се тргаат маките. Судиите треба да се покажат. Кога фаќаа врски да се најдат во тефтерчето убаво им беше? Е па, дојде време да се соочат со тие што ги диктирале нивните имиња за одобрување кај секретарката на лидерот на партијата. Да проверат „дали е наш“. Или „не е наш, ама сега е наш“. Од таа мака поголема има ли? Да мораш да им вратиш на тие што те запишале во тефтерчето. Оти којзнае што мака виделе и судиите само за да ги запишат во тефтерчето, да добијат бројче, а не пак и да ги заокружат.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Слични содржини