Сакате промена? Бојадисајте ја косата во нијанси на есента

од desk4

Било да сте русокоса или бринета, хит-бојата на есента, црвено-портокаловата, во боја на бакар, одлично ќе се вклопи во вашиот есенски изглед. Всушност, оваа нијанса е вистински хит меѓу фризерите за оваа есен.

Сепак, треба да знаете неколку трикови и тајни кога е во прашање оваа боја.

Додадете нијанси

Според Трејси Канингам (фризерот кој ја бои косата на Ема Стоун), тајната за добивање природни црвени нијанси е да се мешаат неколку бои, а не целата да е обоена во иста нијанса. Затоа, експериментирајте, не се плашете од нијансите.

Есенско омбре

Во корените на косата зачувајте ја бојата што поприродно кафеава, а од средината надолу нагласете ги прамените во повеќе нијанси на црвена, руса и портокалова. Ова е особено ефективно ако имате виткана или брановидна коса.

Заштита и нега

Црвените нијанси, за жал, се познати по тоа што бргу го губат сјајот по неколку миења и некогаш бојадисувањето е многу почесто, споредено со другите нијанси. На вас е да ја најдете соодветната козметика за нега, без сулфати во составот, како и да избегнувате да ја третирате косата со преси и фигаро.

Слични содржини