Сакскобургготски: Не би требало да се менуваат правилата за пристапување на С.Македонија во ЕУ

од Vladimir Zorba

Целта на Европската Унија е да се прошири во границите на Европа, со што држави како Северна Македонија, Албанија, па дури и Босна и Херцеговина ќе станат дел од таа заедница, смета поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобургготски.

Во изјава за БГНЕС, тој вели дека не би требало да се променат правилата за пристапување во ЕУ за земјава и за Албанија, бидејќи нивната промена може да се протолкува на негативен начин.

Сакскобургготски наведува дека историјата има големо значење за современата дипломатија, додавајќи дека повторувањето на историските грешки е резултат „на недостиг на знаење или на неопходните информации“.

– Обединета Европа е единствениот начин преку кој Бугарија може да ги заштити своите интереси, истакнува Сакскобургготски.

Слични содржини