Сали: Децата со Даунов синдром се инспирација за сите нас

од Nikola Popovski

Денеска на Меѓународниот ден на Даунов синдром, имав посебно задоволство и можност да ги пречекам во мојата канцеларија најомилените деца меѓу нас. Токму овие убави девојчиња и момчиња со Даунов синдром и покрај секојдневните предизвиците се полни со енергија, полни со љубов и полни со волја за живот. Тие се инспирација за сите нас, објави министерот Беким Сали за средбата во неговата канцеларија.

Тој информира дека слушајќи ги внимателно нивните желби, ги охрабрил дека Министерството за здравство им е на располагање.

-Им дадов до знаење дека јас сум им пријател и родител. Нашата врата за нив е секогаш отворена и можат секогаш да сметаат на нас, затоа што нашата обврска кон нив не завршува со крајот на овој ден. Ние секогаш им должиме, стои во објавата на Сали.

Слични содржини