Сали: Извештајот за хемофилтрација во „Жан Митрев“ во последна фаза

од Destan Jonuzi

Министерот за здравство Беким Сали во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат М меѓудругото беше запрашан и за скандалот во кликата Жан Митрев. Министерот рече дека 620 случаи се третирани со хемофилтрација во Жан Митрев, потребна ни е методологија со која скениравме сите случаи за да се создаде општ преглед на она што се случило во оваа клиника.

– Министерството е поврзано со Санитарниот инспекторат, со Мол мед, со лекарската комора и со комисијата што јас ја формирав, особено за интраболнички инфекции. Треба да сумираме пет предмети во генерален извештај, кој ќе биде јавен, рече Беким Сали.
Тој изрази оптимизам бидејќи според него сите работни групи се професионалци и се поврзани со здравството.

Слични содржини