Сали: Наскоро ќе биде промовиран системот „Мое здравје“ каде граѓаните ќе ги имаат сите информации, анализи и упати

од Nikola Popovski

„Во завршна фаза сме и интензивно работиме на порталот и мобилната апликација ‘Мое здравје’, каде што граѓаните ќе имаат пристап до сите информации во делот на здравството и ќе биде поврзан со системот ‘Мој термин’“ рече министерот за здравство, Беким Сали, на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека на овој портал граѓаните ќе имаат увид освен во информациите за здравствениот систем и во анализите и упатите од системот „Мој термин“.

Министерот Сали нагласи дека изминатата година е целосно дигитализиран системот за закажување и информациите за имунизацијата.

„Министерството за здравство ја развива дигитализацијата во две патеки. Едната е комуникација преку дигитални системи и платформи со граѓаните, а второто е дигитализација и олеснување на системот за дијагностика на пациентите“ рече Сали.

Слични содржини