Сали: Се истражува дали хемофилтрацијата била причина за компликација кај пациентите од „Жан Митрев“

од Nikola Popovski

Во периодот од последните три години, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направил три редовни и девет вонредни надзори во Клиничката болница „Жан Митрев“. Во тек се активности во Лекарската комора во однос на стручниот надзор и ги очекувам информациите. Решен сум овој случај да добие разрешница. Многумина од нас имаат негативно искуство со ковид и мора да има систем што ги заштитува граѓаните. Никој не е над законот и ова нема да биде заборавен случај, ќе го тераме до крај, изјави денеска министерот за здравство, Беким Сали после сторијата на ИРЛ за работењето на приватната клиника во време на ковид-пандемијата.

Тој информира дека Министерството за здравство останува отворено за соработка за сите институции, на барање на Основното јавно обвинителство.

-Ќе се изврши надзор и ќе се укаже дали и кога се извршени хемофилтрациите. Ние како Министерство се уште не знаеме. Во делот на хемофилтрација како метода, тоа веќе постои и се користи. КАРИЛ исто ја користи како метода. Тоа не е ново, прашањето е дали и кога се користело кај „Жан Митрев“. Стручно тело треба да истражи и види кога се користела и дали таа метода е ризична по пациентите, дали била причина за компликација на состојбата кај пациентите во „Жан Митрев“ , појасни министерот Сали.

Слични содржини