Сали со повик до здравствените работници да се пријават за помош во Турција

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Беким Сали преку социјалните мрежи упати јавен повик до здравствените работници.

-Ве повикувам сите кои сте подготвени да учествувате во тековните хуманитарни активности во Република Туркије по разорниот земјотрес. Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена, објави Сали.

Министерот ги повика здравствените работници да се придружат и да ја покажат солидарноста и знаењето со цел, како што наведува, да им се помогне на оние на кои навистина им се потребно.

Во прилог формуларот за пријавување.

 

Слични содржини